KORNI.COM.MK ПОЧЕТНА ЗА НАС ПЛОЧКИ МОЗАИЦИ ТУШ КАБИНИ КАДИ ЛУКСОР БАТЕРИИ МИЈАЛНИЦИ МОНОБЛОКОВИ ХЕМИЈА АКЦИЈА КОНТАКТ
КОРНИ - керамички центар Керамички и гранитни плочки, туш кабини, кади, санитарии, батерии, лепаци за плочки, хидроизолации, фуги.... Повелете во продажниот салон на КОРНИ индустриска зона Пинтија-Скопје

Антикалк стакло

 

Невидлив штит против нечистотија и седименти Ние сакаме да бидете задоволни со нашите производи во текот на нивното долгогодишно користење, затоа ние континуирано работиме на технолошки иновации за да го продолжиме векот и убавината на нашите производи. За да овозможиме функционалност и естетска убавина на стаклените панели во бањата, ние развивме уникатна заштита против оштетување на нивната површина од водените седименти. Со исклучок на дестилираната и дождовната вода, водата секогаш содржи соли. Бигорот многу тешко се отстранува од стаклото. Тие создаваат хемиска врска со стаклото која со време станува видлива. Вообичаените хемиски средства се неефикасни против бигорот.Трајното општетување единствено може да се спречи со патентираната технологија Равак АнтиКалк® заштитен слој на стаклото, кој Равак го поставува на сите свои туш кабини, врати, стаклени панели во текот на производниот процес. Како Равак АнтиКалк® работи? Равак АнтиКалкb технологијата го прави стаклото хидрофобно, тоа значи дека површината на стаклото не ја задржува водата. Капките не се задржуваат на третираното стакло, тие бегаат од таквата површина со тоа бигорот неможе да се залепи на површината. Помали капки остануваат на површината и оставаат траги но тие хемиски не се врзуваат за истата и може лесно да се остранат со влажна крпа. Колку долго Равак АнтиКалк® делува? Равак АнтиКалк® заштитниот слој е отпорен на вообичаените средствата за хигиена кои се користат за стаклените површини.Сепак, неговата издржливост зависи од составот на водата со која доаѓа во допир. Генерално,Равак АнтиКалкb заштитниот слој трае од 3 месеци до 2 години. Меѓутоа, стаклото може да се заштити после истекот на ова време со специјално развиениот производ Равак АнтиКалк средството кое обезбедува оптиманлна заштита на стаклото за најмалку уште следните 10 години. Равак АнтиКалк® средство Помошна рака против бигорот. Само оригиналното Равак антикалк средство развиено врз основа на патентирана технологија заштитена во повеќето земји, ќе го заштити вашето стакло гарантирано 10 години. Како да го одржувате стаклото во бањата ? Може да ја чистите новата опрема во бањата и стаклата со било кое универзално средство за чистење (ние препорачуваме Равак чистачот), и еднаш на секои 3 месеци да се обнови Равак АнтиКалк® технологијата со Равак АнтиКалк средството. Чистете го стаклото внимателно со Равак чистачот. Детално очистете го и осушете го стаклото. Од внатрешната страна на стаклото користете сува крпа за да го нанесете Равак АнтиКалк средство, додека не се исуши. Стаклото ќе ги врати своите својства да ја одбива водата и во понатамошното користење ќе се одржува со вообичаените методи и средства (препорачуваме Равак чистач) во период од 3 месеци.(во зависност од тврдината на водата).
површина на стакло третирано со Равак АнтиКалк® технологијата
Стакло третирано со АнтиКалк®- водата бега
Ефект на вода врз стакло кое не е третирано со Равак Антикал средството
© KORNI

работно време 08-18:00;сабота 08-14

тел: ++389 2 278 50 50; email:korni@t-home.mk